PADI Discover Scuba Diving
Ова е еден од нашите најбарани курсеви.
Ако сакате забава, авантура и супер пополнето време, а не сте сигурни дали сакате да земете целосен курс, тогаш оваа програма е совршена за вас.
Активностите се одржуваат во нашиот нуркачки центар. Се добива краток вовед и се учат и вежбаат основните вештини на нуркање- како правилно да ја користите опремата за нуркање, како да се изедначи притисокот, техники на дишење и како да го прилагодите вашето тело на новата средина. Со стекнатите вештини ќе успеете да направите една сесија нуркање во нашиот нуркачки центар и една сесија нуркање на отворени води.
Времетраење: 1/ 2 до 1 ден.
Минималнa возраст: 10 години.
Максимална длабочина на нуркање: 12 метри.
Курсот PADI Discover Scuba Diving е првиот чекор да станете нуркач. Вештините кои ќе ги стекнете се основа за курсот кој следи, а тоа е PADI Open Water и оваа програма може да се кредитира како прв дел од овие курсеви. Целокупната нуркачка опрема која ќе ви биде потребна е обезбедена од страна на центарот.
За време на курсевите се почитуваат сите мерки и препораки на јавните органи за заштита и превенција КОВИД-19.
2.400МКД
За резервација кликнете на копчето подолу
Оваа резервација е прелиминарна и бесплатна. Финална резервација ќе направите откако ќе Ве контактира нашиот администратор.