ЗА НАС
Платформата Diving.mk е основана од Игор – посветен и искусен нуркачки ентузијаст, со визија за развој, унапредување и популаризација на нуркањето како спорт во Македонија и пошироко во регионот.
За нас, нуркањето не е само спорт – тоа е уникатно искуство кое обединува авантура, уживање, забава и активен животен стил.
Нашата мисија е да се позиционираме како водечки нуркачки центар кој на секој заинтересиран ќе му понуди целосно и квалитетно искуство – од рекреативни активности до технички курсеви, како и организирани нуркачки екскурзии низ целиот свет.
Нашиот нуркачкиот центар ”СКАУТ” во Струга, располага со современа опрема која ги исполнува највисоките меѓународни стандарди за безбедност, како за рекреативно, така и за техничко нуркање. За рекреативни курсеви и активности нудиме комплетно искуство: најдобрата нуркачка опрема од програмата на SCUBAPRO, редовно одржувани компресори и пловни средства.
Сите курсеви се реализираат под водство на меѓународно сертифицирани инструктори – високо квалификувани професионалци со експертиза во своите области.