PADI OPEN WATER DIVER

PADI®Open Water Diver е најпознатиот и најпопуларниот светски курс за нуркање.
Неколку милиони луѓе низ светов ништо ги нема спречено да го завршат овој курс и да си го пружат задоволството да уживаат во маѓичниот подводен свет.

Што е потребно за да се запишете на PADI®Open Water Diver?
– Да имате или сте постари од 10 години
– Нормални пливачки вештини
– Нормално физичко здравје
– Желба за нови искуства и авантури

Што ќе научиме на PADI®Open Water Diver?
Курсот се состои во три фази
– Академски дел на кој што се осознаваат основните принципи на нуркањето
– Практичен дел 1, се вежба наученото и се прават разни подводни вежби. Се одвива во нашиот нуркачки центар и максимална длабочина која може да се достигне е 5 метри.
– Практичен дел 2, се состои од 4 нуркања на отворено каде што во пракса го применувате целото знаење и научените вештини

Колку време трае PADI®Open Water Diver?
– Вкупно 4-5 дена, кои што по договор може да бидат поделени во два викенда.

*Се разбира, за целото времетраење на курсот нашиот инструктор е покрај вас и несебично ќе ви го пренесе целосното знаење за секоја активност.
*Kомплетната нуркачка опрема која ви е потребна ќе биде обезбедена од страна на нашиот центар.
*По завршување на курсот се стекнувате со интернационално признат сертификат кој важи секаде во светот.
Не чекајте! Резервирајте го своето место и откријте ја магијата на подводниот свет!

15.000,00 МКД

Кликнете на копчето за резервација и резервирајте го навремено Вашето место.

Оваа резервација е прелиминарна и бесплатна. Финална резервација ќе направите откако ќе Ве контактира нашиот администратор.

Доколку сте заинтересирани да го посетувате PADI OPEN WATER DIVER, пополнете ја формата и ние ќе ве контактираме во најбрз можен рок.

Внесете број на особи за колку што сакате да направите резевација.

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address