ADVANCED OPEN WATER DIVER

После завршувањето на PADI®Open Water Diver, следниот чекор е Advanced Open Water Diver.
Овој курс дава можност да го збогатите Вашето искуство на нуркач како како и да се кренете еден степен повисоко во вашата нуркачка кариера.

Што е потребно за да се запишете на Advanced Open Water Diver?
– Да имате или сте постари од
12 години
– Да го имате завршено
PADI®Open Water Diver курсот
– Нормално физичко здравје
– Нормални физички вештини

Што ќе научиме на Advanced Open Water Diver курсот?

Ќе се стекнете со искуство, изградите самодоверба и ќе научите нови нуркачки вештини како што е ноќното нуркање и нуркање во поголеми длабочиниве, а ве учиме како да ракувате и управувате со компјутер за нуркање.
За успешно да го завршите овој курс ќе треба да направите вкупно 5 нуркања (зарони). Навигациското нуркање и длабинското нуркање се задолжителни. Преостанатите 3 нуркања се по ваш избор. Некои од нив се: слободно нуркање, усовршување на пловноста и изедначувањето (се препорачува), ноќно нуркање, повеќестепено и компјутерско нуркање, нуркање за пребарување и закрепнување.

Колку време трае Advanced Open Water Diver курсот?
– Курсот трае 2-3 дена и за термини се договарате со нашиот инструктор.  

*Се разбира нашиот инструктор е покрај вас за целото време и ќе ви го пренесе целосното знаење за сите активности.
*Во цените е вклучена кoмплетната опрема што ќе ви е потребна за нуркање, се стекнувате со интернационално признат цертификат, логбук (нуркачки дневник) и обезбедуваме и матерјал за учење.

Не чекајте! Резервирајте го своето место и откријте ја магијата на подводниот свет!

15.000,00 МКД

Кликнете на копчето за резервација и резервирајте го навремено Вашето место.

Оваа резервација е прелиминарна и бесплатна. Финална резервација ќе направите откако ќе Ве контактира нашиот администратор.

Доколку сте заинтересирани да го посетувате ADVANCED OPEN WATER DIVER пополнете ја формата и ние ќе ве контактираме во најбрз можен рок.

Внесете број на особи за колку што сакате да направите резевација.

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address