Clownfish или Немо

(Од нуркачкиот дневник на Дивинг.мк)

Покрај тоа што е можеби една од најубавите риби, Холивуд и филмот “Барајќи го Немо“ Clownfish ја направија и најпозната рипка.

Живее во водите на Пацификот и Црвеното море и најчесто во симбиоза со Морска Анемона (мали морски ресести животинчиња)

Анемоната, благодарение на отровот кој го испушта го штити Немо да не биде изеден од разни морски предатори. За возврат, а користејќи ја својата убавината и светлите бои, Немо намамува разни морски животинчиња во анемоната, каде што од отровот што го испушта анемоната истите умираат и служат како нејзина храна. Со остатоците од ова, се храни Немо.
Рибите кловн се хермафродити и од раѓање сите се од машки пол. Живеат во групи и кога ќе дојде ред да се оплодат доминантната машка рипка во групата го менува полот во женски и ги положува јајцата. Потоа, новата доминантна машка рипка поминува и ги оплодува јајцата. Штом еднаш ќе го променат полот не можат да го вратат назад.
Некои од сликите погоре се направени при нашата нуркачка екскурзија во Египет. Да се надеваме дека пандемијава ќе заврши побргу и ќе бидеме во можност пак да одиме.

Можеби ќе ве интересира

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address