Од 16 до 20-ти Јули 2021 година
Нуркачкиот клуб Дајвинг.мк и Камп СКАУТ Струга, го најавуваат вториот PADI OPEN WATER Курс за Нуркање и сертификација од најголемата светска нуркачка асоцијација ПАДИ.
Овој 5 дневен курс ќе ве воведе во тајните и вештините на нуркањето во отворени води.
Kурсот вклучува:
5 академски/теоретски часови,
5 нуркања во политка вода,
4 нуркања во длабока вода,
Mатеријали за учење, надгледни средства и опрема.
Сертификат PADI (OPEN WATER DIVER) – за самостојно нуркање до 18 метри длабочина
Сместување во шатор на база на полн пансион доручек и вечера во кампот и ручек ланч пакет за време на нуркањето. (секој учесник на курсот е сместен во посебен шатор)
За да се формира група потребни се најмалку 6 лица а не повќе од 9 лица. Доколку има поголема заинтересираност курсот ќе се повтори.
Вкупна цена за целиот аранжман, вклучувајќи сместување на база на полн пансион во шатор, лична опрема за нуркање која ќе ви е достапна за целото времетраење на курсот, и сертификат PADI Open Water Diver изнесува 21000 денари. Цена за придружник без нуркање изнесува 9900 денари.
Можност за плаќање на 12 рати со DINERS CLUB картичка