Нуркачко археолошка авантура

Незаборавна нуркачка забава во едно од најпознатите водени археолошки наоѓалишта

Охридското езеро е едно од најпознатите археолошки наоѓалишта во овој дел од светот.

Располага со неколку подводни археолошки сајтови, а еден од нив е Врбник.

Потекнува од 6-ти до 5-ти век п.н.е во праисторискиот дел од железното време. Доста е голем по површина и се нурка на длабочина до 5 метри од површината на езерото. Дното на езерото е покриено со бројни артефакти од праисториското време кои ќе можете да ги видите и истражувате без проблем.
Нуркањето во Охридското езеро е посебно импресивно поради високата видливост. Ова посебно е изразено долж крајбрежјето каде најчесто се лоцирани изворите.
Биолошката разновидност е исто така многу голема, па покрај археолошките артефакти ќе уживате и маѓичниот подводен свет.

Времетраење на турата од 3 до 5 часа
Нуркачката група се состои од максимум 5 нуркачи кои треба да имаат рекреативно искуство.
Во цената се вклучени: Опрема за нуркање, Освежителен пијалок и кафе или вода.

Кликнете на копчето за резервација и резервирајте го навремено Вашето место.

Оваа резервација е прелиминарна и бесплатна. Финална резервација ќе направите откако ќе Ве контактира нашиот администратор.

3.000 МКД

Можеби ќе Ве интересира и

Резервација
Внесете број на особи за колку што сакате да направите резевација.

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address