За почеток би го препорачале PADI®Open Water Diver.
PADI®Open Water Diver е најпознатиот и најпопуларниот светски курс за нуркање. Неколку милиони луѓе низ светов ништо ги нема спречено да го завршат кусрот и да си го пружат задоволството да уживаат во чудата на подводниот свет.
Што е потребно за да се запишете на PADI®Open Water Diver?
– Да имате или сте постари од 10 години
– Нормални пливачки вештини
– Нормално физичко здравје
– Желба за нови искуства и авантури
Што ќе научиме на PADI®Open Water Diver?
Курсот се состои во три фази
– Осознавање на основните принципи на нуркањето
– Нуркање во одреден простор за да се совладаат основните вештини на нуркањето
– Слободно нуркање или нуркање на отворено каде што во пракса ќе се примени целото знаење и научените вештини.
*На почетокот на курсот ќе добиете нуркачка опрема која ќе ја користите за целото времетраење на курсот.
Колку време трае PADI®Open Water Diver?
– Вкупно 4-5 дена, поделени во два викенда
Кликнете на копчето за резервација и резервирајте го навремено Вашето место.
Оваа резервација е прелиминарна и бесплатна. Финална резервација ќе направите откако ќе Ве контактира нашиот администратор.