Неколку интересни факти за октоподите

(Од нуркачкиот Дневник на дајвинг.мк)
Октоподите се едни од најинтересните водени животинчиња и за нас е преставува вистинско уживање да се набљудува нивното функционирање. Живеат во голем број води и со нив си се среќаваме најредовно, на скоро секое наше нуркачко патување. Од Хрватска, Грција….. па се до Египет и Тајланд.
Неколку интересни работи што ги научивме и доживеавме за време на нашите нуркачки екскурзии.
Октоподите имаат 3 срца, 9 мозоци и сина крв?!

  1. Функцијата на двете помали срца е да носат крв до шкргите, а поголемото има улога да ја циркулира крвта до останатите органи од телото. Кога пливаат поголемото срце престанува да им работи. Ова е и причината зошто овие кралски суштества се посклони да ползат отколку да пливаат. Пливањето ги исцрпува.
  2. Октоподите се со сина крв. Ова е затоа што нивната крв е богата со хемоцијанин, протеин богат со бакар што делува крвта да ја промени бојата во сина. Улогата на оваа бакарна база е да го направи транспортот на кислород поефикасен, што пак им помага без проблем да преживеат во студени води и води со низок процент на кислород.
  3. Октоподите се со 9 мозоци. Покрај централниот мозок, секој од краците на октоподот си има свое мини мозоче. Две третини од невроните на октопод живеат во неговите краци, а не во главата. Како резултат на ова, краците можат да делуваат независно. Нпр. Со една од краците може да си отвара школки и да си ги спрема за јадење (морските плодови им се омилена храна) , додека со другите делови да прави нешто сосема
  4. Кога им се приближува некаква опасност, најчесто од некое водено предаторче, за да се заштитат од истото испуштаат мастило. Мастилото има улога да ги заштити и да им даде време да се скријат од опсноста. Тоа е толку силно што кога непријателот ќе влезе во облакот од мастило на истиот му се нарушуваат сетилата за мисрис и вкус, а може и да ги ослепи. Дополнително, оние октоподи кои што нема да успејат да избегаат од сопствениот облак од мастило, може да умрат.
  5. Нема потреба да се грижите, за луѓето, мастилото од октопод не е штетно. Напротив, содржи соединение кое се вика тирозиназа, и кое што помага при контрола на производството на природниот пигмент меланин. Така да опуштено на вашето следно нуркачко патување. Слободно побарајте ги и уживајте во глетката.
Scuba Diver and octopus Diver and octopus Diver observing Octopus Swimming octopus

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Можеби ќе ве интересира

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address