Зошто нуркањето е еден од најздравите спортови?

#1 Релаксира од стресот.Слично како и дишењето за време на медитацијата, бавното и длабоко дишење за време на нуркањето предизвикува мирна и опуштена состојба. Наместо да размислуваме за секојдневните проблеми, при нуркањето се фокусираме на подводната околина. Ова помага да се намали стресот и да се балансира нервниот систем. Докажано е дека релаксирана и мирна состојба на умот, промовира позитивен став и спречува депресија

#2 Флексибилност и јачина на мускулите
Кога сте по вода Вашите мускули работат понапорно за да може да го совладаат отпорот на водата и на струјата. Ова придонесува да се зајакнат истите, а се развива и вашата флексибилност и издржливост.
Ако пливањето ги гради мускулите, во најголем дел околу бутините и рамената, нуркањето помага да се тонираат мускулите, а со тоа овозможува и подобро држење на телото.

#3 Намалување на крвниот притисок.
Со нуркањето се вежба вашиот циркулаторен систем на начин што помага за намалување на крвниот притисок. Постојат студии кои известуваат дека оние кои редовно нуркаат имаат помала веројатност да бидат склони кон мозочни удари и срцев удар.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Можеби ќе ве интересира

BE A PART OF A GREAT UNDERWATER ADVENTURE

Subscribe to get all news on your E-mail address